Хитот на шпанската Примера, Џирона беше на праг на 24. победа во Ла Лига, но Алавес успеа да се спаси од пораз во 99.минута. На крајот возбудливиот дуел заврши 2-2. Сега Џирона има два бода предност пред Барселона, која со триумф против Реал Сосиедад може да се врати на втората позиција.
Жирона во минатото коло ја помина Барселона откако ја совлада после спектакуларен пресврт и целта беше да ја задржи втората позиција, но веќе работата не зависи од нив.
Гостите добро го почнаа натпреварот, Жирона поведе уште во четвртата минута со гол на Ерик Гарсија со удар со глава по нафрлување од корнер, но веќе ов 12. минута Алавес изедначи преку Гуриди на 1-1.
Пред крајот на првиот дел Довбик асистираше со пета, а Херара со маестрален гол донесе ново водство на Жирона од 2-1.
Алавес буквално во последниот напад, во 99. минута од натпреварот со втор гол на Гуриди се спаси од пораз за конечни 2-2.
Барселона во понеделник игра со Реал Сосиедад и ако победи ќе се врати на второто место на табелата во Ла Лига.
Со овој триумф, Алавес го потврди статусот на прволигаш наредната сезона, додека Џирона останува втора, но со шанса да падне на третото место ако Барселона победи против Реал Сосиедад.
Головите погледнете ги ТУКА