Шпанскиот фудбалер Феликс Гарета кој има само 20 години и е член на Бетис, се бори за живот. Гарета е во болница во Барселона каде е ставен во индукциска кома, а лекарите неговата состојба ја проценуваат како „неизвесна“.
Гарета кој е фудбалер на Бетис, сезонава настапува како позајмен играч во второлигашот Аморебиета. Седум пати бил дел од У 19 репрезентацијата на Шпанија.
До несреќата дошло додека централниот дефанзивец бил во својот дом во Барселона, каде се здобил со тешки повреди на главата. Според информациите од Кадена Сер, фудбалерот имал вртоглавица во последните неколку денови. Од тимот на Аморебиета денеска ги откажаа сите активности.