Поради војната во Украина, фудбалот во оваа земја е запрен.Затоа ФИФА дозволува играчите привремено да се преселат од оваа земја на друго место, а Реал Мадрид одлично го искористи тоа и го донесе десниот бек Винисиус Тобијас (18) од Шахтјор.
Шпанскиот АС под наслов „Новиот Винисиус во Мадрид“ соопшти дека Бразилецот веќе потпишал позајмица со Реал Мадрид до крајот на сезоната.
Реал Мадрид може трајно да го купи Винисиус Тобијас за 18 милиони евра на лето.
Бразилецот засега нема да може да игра во Ла Лига, но ќе биде вклучен во вториот тим на клубот. Десниот бек, сепак, ќе се најде на листата во Лигата на шампионите каде Реал Мадрид го очекува четвртфинален дуел со актуелниот шампион Челзи.
Атлетико Мадрид, градскиот ривал на Реал, исто така го сакаше Винисиус Тобијас, но Флорентино Перез и Кралевите беа побрзи и поуспешни.
Инаку, Винисиус Тобијас во Шахтјор пристигна во јануари, кога Украинците го донесоа од бразилскиот Интернационал за шест милиони евра.
Новиот фудбалер на Реал Мадрид од познати причини не успеа да настапи на ниту еден официјален натпревар за украинскиот клуб.
Тој настапи само на шест пријателски натпревари, а ќе видиме каков статус ќе има во Реал Мадрид и дали ќе ја убеди управата на клубот да го откупи неговиот договор на крајот од сезоната.