Челси ја прекина непријатната низа од четири меча без победа во Премиер – лигата и славеше во лондонската пресметка против Тотенхем. Тимот на Томас Тухел славеше со 2-0 и со 47 бода сега е на третата позиција, само со бод негатива зад Ливерпул.

Хаким Зијеш во 47.минута го отвори резултатот, а Тијаго Силва осум минути подоцна го постигна вториот гол за домаќинот и го реши победникот.