Швајцарецот Бит Фојз имаше најмногу причина за задоволство по неделниот спуст во Кицбил. Тој победи на одличен начин и заслужено славеше пред Марк Одермат .
Искусниот Бит Фојз ја забележа 16 победа во кариерата, а трета во Кицбил, каде што лани славеше во двата спустови што се возеа на оваа патека.
Ова беше и последен спуст пред Зимските олимписки игри во Пекинг, а Фојз ја однесе победата со 21 стотинка предност во однос на неговиот сонародник Марко Одермат.
Тие двајца се оддалечија и од останатиот дел од конкуренцијата, па третопласираниот Австриец Даниел Хеметсбергер заостана 90 стотинки од победникот, а на подиумот дојде со само четири стотинки предност пред сонародникот Матијас Мајер.
Фојз чекаше точно една година за да победи, минатата година славеше на истата патека, а годинава беше втор во Венген, а го освои третото место во Лејк Луиз и Бивер Крик.
Првиот спуст ќе биде оној на Олимписките игри на 6 февруари, кој воедно ќе биде и прво скијачко натпреварување.
Резултати од Кицбил:
1. Бит Фојз (Швајцарија) 1: 56,68
2. Марко Одермат (Швајцарија) +0,21
3. Даниел Хеметсбергер (Австрија) +0,90
4. Матијас Мајер (Австрија) +0,94
5. Јохан Клери (Франција) +1,17
6. Александар Омод Килде (Норвешка) +1,23
7. Доминик Париз (Италија) +1,27
8. Нилс Хинтерман (Швајцарија) +1,42
9. Кристоф Инерхофер (Италија) +1,43
10. Даниел Данклмајер (Австрија) +1,49