Јапонецот Риоју Кобајаши ја освои третата победа на натпреварот во четири скокалници.
До триумфот стигна во Бишофсхофен, каде наместо во Инсбрук се одржа натпреварувањето.
Кобајаши уште еднаш славеше , исто како во Оберсдорф и Гармиш, каде исто така беше најдобар.
На крајот имаше 291,3 поени, оставајќи го зад себе Мариус Линдвик со 286,6 поени.
За Кобајаши ова е 25-та победа, а во последните шест натпреварувања има пет триумфи и едно второ место.
На подиумот во Бишофсхофен се најде уште еден Норвежанец, Халвор Егнер Гранеруд, а на врвот завршија и Гајгер, Фетнер, Херл, Јохансон, Ајзенбилер, Хајбек и Сато.
Јапонецот ја зголеми предноста во двете генерални рангирања – и во Светскиот куп и во Четири скокалници.
“Бев многу нервозен, но среќен сум што покажав добри скокови. Мариус беше многу добар и затоа бев нервозен. Не размислував за уште еден Грен слем, но шансата се појави”, изјави Кобајаши.