Кошаркарите на Партизан го декласираа Сплит со резултат 109:49, во рамките на 15. коло од АБА лигата.
Ова е најубедливата победа на црно-белите во историјата на ова натпреварување, а соборен е и рекордот на Цедевита која во сезоната 2016/17 го совлада Задар со +58 поени разлика.
Избраниците на Жељко Обрадовиќ го совладаа последнопласираниот тим од регионалниот шампионат, кој, сепак, имаше осум играчи во протоколот.
Црно-белите на кои поради кorona им недостигаа Алекса Аврамовиќ и Немања Дангубиќ, продолжија да чекорат по стапките на Црвена звезда која има повеќе триумфи.
Триумфот на Партизан во ниту еден момент не беше доведен во прашање, а натпреварот беше решен во втората четвртина.
Најефикасен во историскиот триумф беше Грегор Глас, со 19 поени, пет асистенции и четири скока.
Го следеше Душан Милетиќ со 18 поени и 10 скока, Кевин Пантер имаше 14, а Далас Мур 14. Балша Копривица, Зек Ледеј и Џем Мадар додадоа по 10 поени.
Кај Сплит најдобар беше Шортер со 17 поени и четири скока, а најблиску до двоцифрен учинок беше Руњиќ кој постигна девет.
Пантер го започна натпреварот со седум поени во низа, а Сплит набрзо се разбуди и израмни на 12:12.
Од тој момент сè отиде во црно-белата воденица, која до крајот на првата четвртина повторно доби ново водство.
Тие продолжија да ја зголемуваат предноста, а сплиќани 12 минути не успеаа да стигнат до кошот од игра.
Партизан на паузата го израмни рекордот во АБА лигата во водство на полувремето, а во третата четвртина само продолжи да ја зголемува таа огромна разлика.
Не застанаа, одиграа цврсто до крајот и ја постигнаа најубедливата победа во историјата на регионалниот шампионат.
Следниот натпревар Партизан го игра на 15 јануари против Студентски центар.