Швајцарката Корин Сутер го освои својот прв олимписки медал во кариерата и тоа златен . Таа победи на спустот во Пекинг .

Корин Сутер конечно освои олимписки медал. Во Пекинг освои злато во спуст по одличното возење каде од врвот ја симна Италијанката Софија Гоџа.

Пред неколку дена беше 13-та во супервелеслалом, очекуваше повеќе и во таа дисциплина, но затоа денеска славеше во спуст, во дисциплината во која го освои шестото место на последните Олимписки игри во Пјонгчанг. .

Големото сребро го освои Гоџа, која за чудо се опорави од нималку лесната повреда. Нејзиниот настап беше под голем знак прашалник, да не беше во прашање Олимпијадата таа веројатно немаше толку брзо да се врати на патеката.

Но, тука таа настапи и го освои среброто што е фантастичен успех со оглед на околностите.

Во еден момент на врвот беа три Италијанки. Гоџа водеше пред Надја Делаго и Елена Куртони, но најпрво Сутер излезе на врвот, а потоа на четвртото место беше Германката Кира Вајдл.

На крајот, Италијанците и покрај се имаат многу причини за задоволство, освоија два медали што никогаш не им успеало во спуст.

Спуст:
1. Корин Сутер (Швајцарија) 1: 31,87
2. Софија Гоџа (Италија) +0,16
3. Надја Делаго (Италија) +0,57
4. Кира Вајдл (Германија) +0,71
5. Елена Куртони (Италија) +1,00
6. Јоана Хелен (Швајцарија) +1,29
7. Корнелија Хутер (Австрија) +1,48
8. Миријам Пучнер (Австрија) +1,58
8. Мари-Микеле Гањон (Канада) +1,58
10. Лора Гош (Франција) +1,60