„Коцката мраз“ во која ќе се одржуваат натпревари во карлинг на Зимските олимписки игри во Пекинг ќе може да прими само 20 отсто од можниот капацитет на гледачи, а причината се строгите мерки во борбата против коронавирусот.
„Коцка мраз“ е всушност сала која била изградена за натпреварите во пливање на Олимпијадата во Пекинг во 2008 година, а потоа била наречена „Водена коцка“. Може да прими 4.600 гледачи, но на Зимските олимписки игри ќе може да прими помалку од 1.000 гледачи, изјави директорот на тој спортски објект.
Инаку, таа сала може да се пренамени од воден објект во спортови на мраз во рок од 19 дена.
ЗОИ во Пекинг ќе се одвиваат без странски гледачи, а организаторите се уште работат на правилата за домашните навивачи.