Шкотите обезбедија бараж во групата од која Данска после максималните осум победи без примен гол обезбеди директна виза и е втората селекција после Германија која веќе има обезбеден пласман, а веќе извесно е дека од оваа група и Австрија ќе оди во баражот, иако моментно е четврта, како селекција која е една од двете најдобри од Лигата на нации.
Нејтан Петерсон со гол и асистенција денеска ја водеше Шкотска до триумфот во Кишињев, па во 38-та минута погоди после асистенција на Џејмс Мекгин, а потоа му асистираше за гол на Че Адамс, кој во 65-та минута ја завери победата и со тоа го завери пласманот во баражот на коло до крајот од овие мундијалски квалификации.
Молдавија доби шанса за барем да се врати во мечот со пенал во завршните десет минути, но Вадим Рата промаши од белата точка во 81-та минута, па наместо мечот да добие да добие на возбудување, Шкотите до крајот само рутински го завршија славенички.
Шкотска преку плејоф во Лигата на нации, како и Македонија играше на летното Европско првенство, а сега повторно Шкотите ќе се борат преку бараж за настап на едно големо натпреварување, нешто што ја чека ѝ Македонија, ако во недела од 18 часот успее да го победи Исланд во последното коло.