Германскиот првак Баерн Минхен имаше негатива од два гола на полувреме на гости против Лајпциг, но на крај сепак успеа да извлече нерешено 2-2. По ова, тимот на Томас Тухел се наоѓа на третата позиција со 14 бода, два помалку од лидерот Баер Леверкузен.
Лајпциг поведе со 2-0, со головите на Опенда и на Лукеба.
Сепак, во вториот дел Баерн заигра подобро и со головите на Хари Кејн од пенал и на Лирој Сане стигна до реми, 2-2.