„Црвените“ се пред ангажман на големиот талент на Фулам, Фабио Карвалјо. Младиот 19-годишен офанзивен играч за врска се очекува да потпиша за Ливерпул во следните неколку часови.
Гигантот од „Енфилд“ ќе плати 8 милиони фунти обештетување за фудбалерот и ќе го остави на позајмица во Фулам до крајот на сезоната. Тимот од „Крејвн котиџ“ мора да го продаде својот талент уште сега, бидејќи на лето ќе биде слободен агент.
Карвалјо оваа сезона во Чемпионшип дивизијата на 178 натпревари има седум голови и четири асистенции.