Ангажирањето на Ромелу Лукакусо клубски рекорд од 115 милиони евра, финансиски го исцрпи Челзи, и сега како балансирање на ситуацијата започнува со голема продажба на вишок играчи. Откако претходно ги продаде Фикај Томори и Марк Гуехи, денес на Рома го продаде напаѓачот Тами Абрахам за 40 милиони евра, со што продолжи да го чисти списокот со дури 42 играчи.
Исто така Кенеди (25), левото крило што Челзи го донесе пред шест години од Флуминенсе за 8 милиони евра, е најблиску до заминување. Од доаѓањето во Челзи, тој одигра само 27 натпревари за актуелниот европски шампион. Сега за него, Фламенго нуди заем со откуп од 10 милиони евра.
Ајк Угбо го договори трансферот во Генк за 5 милиони евра. Тимуе Бакајоко е во преговори со Лион и Рен околу трансферот бидејќи Челзи повеќе не сака да позајмува, туку да се ослободи од нив и со тоа да врати барем дел од парите инвестирани во нив. Поради истата причина на транфер листата се и Давиде Запакоста, Дени Дринквотер и Бабу Рахман.