Андалузијците лесно го скршија отпорот на Рајо Валекањо и го совладаа со 3: 0 во последниот натпревар од неделната програма во Примера. Синот на легендарниот Французин Зинедин Зидан, Лука Зидан направи фаул за пенал и беше исклучен во 16. минута, а на негово место во игра влезе нашиот Столе Димитриевски. Столе иако имаше неколку успешни интервенции не успеа да го сочува својот гол.
Ен Несири беше сигурен од пенал, за водство 1:0 на домаќините. Севиља притисна со играч повеќе и успеа да постигне уште два гола во вториот дел од натпреварот. Во 55. минута предноста на Андалузијците ја зголеми Ерик Ламела. Засилувањето од Тотенхем одлично ја следеше акцијата на неговиот тим. По одбивањето, ја доби топката на околу 10 метри и погоди. На пат кон мрежата се одби под стоперот Катена и го измами Димитријевски. Конечниот резултат исто така беше дело на Ламела во 79 минута.
https://twitter.com/locelsoisdaddy/status/1427023107391475713?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1427023107391475713%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.mozzartsport.com%2Ffudbal%2Fvesti%2Fzidan-tragicar-sevilja-je-dobila-pakleno-pojacanje-erika-lamelu-video%2F395893