Лондонскиот тим Вест хем успеа да се спаси од пораз на гости кај Лестер (2-2), па така направи мал чекор назад во битката за топ-4 позициите кои водат во Лига на шампиони (ЛШ).

Боуен во 10. минута ги израдува лондончани кога погоди за 1-0, меѓутоа Тилеманс во 45. минута ја врати неизвесноста откако израмни на 1-1.

Переира стрелаше за целосен пресврт на почетокот на вторите 45 минути, по што гостите дури во 91. минута преку Досон погодија за 2-2.

Вест Хем се наоѓа на четвртото место со 41 бод, додека зад него е Манчестер јунајтед со 40 и Арсенал со 39, додека Лестер останува на 11. позиција со 27 бодови.