Борусија Дортмунд ја оствари втората победа во новата сезона од Бундес-лигата откако го совлада Фрајбург на гости со 1-3. По првиот дел домаќинот имаше водство со голот на Михаел Грегорич во 35.минута, но „милионерите“ заиграа во свој стил во второто полувреме.
Израмни Џејми Бино-Гитенс со удар од далечина, но и очајната интервенција на домашниот голман Марк Флекен во 77.минута, а само седум минути подоцна Јусуфа Мукоко се погрижи за пресврт.
Во 88.минута, Маруиш Волф го постигна третиот гол за Борусија Дортмунд и ја завери победата.