Фудбалерите на Наполи славеа минимална но важна победа во деветтото коло од Серија А против Лече (1-0).

Избраниците на Антонио Конте успеаа да слават против храбриот Лече кој се прикажа во одлично светло и имаше шанси, но сепак изостана реализацијата.

Мрежата на гостите се затресе по 26 минути, меѓутоа тој гол на Ди Лоренцо беше поништен по реакција на ВАР поради недозволена позиција.

Моментот на одлука се случи во 73. минута кога Ди Лоренцо, повторно ја затресе мрежата. Се проверуваше и овој погодок во ВАР собата, но овојпат остана да важи.

За Наполи овој триумф е посебно важен затоа што викендов меѓу себе играат Интер и Јувентус кои се на втората и третата позиција.