Англискиот гигант Челси е пред трансфер на големиот талент на Барселона, Марк Гују (18 години), откако челниците на овој клуб се подготвени да ја активираат неговата откупна клаузула во износ од пет милиони евра.
Раководството на Челси веќе закажало медицински прегледи за талентираниот напаѓач, објави Би-Би-Си, иако Каталонците деновиве изразиле подготвеност да ја отстранат скромната откупна клаузула нудејќи му продолжување на договорот. Гију помина низ академијата на Барселона, популарната Ла Масија, а минатата година постигна гол по само 23 секунди на своето деби за А тимот.
Според Би-Би-Си, тој е класична „деветка“, со голема брзина, но со мало искуство, и постигна само два гола во сениорска конкуренција.