Фудбалерите на Венецуела обезбедија место во четвртфинале на Копа Америка со победата од 1:0 над Мексико, додека во вториот натпревар Еквадор со 3:1 беше подобар од Јамајка.
Одлучувачкиот гол на натпреварот помеѓу Венецуела и Мексико го постигна Рондон со удар од белата точка во 57. минута.
За Венецуела ова беше втора победа во вториот натпревар, па така со шест бода ја обезбеди првата позиција.
Еквадор со победата од 3:1 против Јамајка дојде до три бода и во последното коло во директен дуел со Мексико ќе игра за место во нокаут фазата. На Еквадорците ќе им одговара и нерешено поради подобрата гол разлика.
Палмер по 13 минути игра го доведе во водствоЕквадор против Јамајка, додека во финишот од првиот дел Паез големи на 2:0. Јамајка со голот на Антонио во 54. минута ги врати надежите. Конечните 3:1 ги постави Минда во судиското продолжение.