Пјер-Емерик Обамејанг го живее својот сон во Барселона. Тој во неделата беше двоен стрелец во победата на Барса над Валенсија, а сега би можел да одигра клучна улога и во задржувањето на Осман Дембеле.

Не е тајна дека Обамејанг и Дембеле се пријатели, во сезоната 2016/17 играа заедно во Борусија Дортмунд и оттогаш се во постојани релации.

Обамејанг во интервју ја најави можноста Дембеле на крајот на сезоната да остане на „Камп Ноу“

„Му кажав на Осман да го продолжи договорот и да остане, бидејќи сега овде може да се случат големи работи. Дали тоа ќе се случи? Не знам, се е можно“, енигматично изјави Обамејанг.

„Пред да потпишам за Барселона, Дембеле ми испрати порака во која ме праша дали е вистина дека доаѓам во клубот. Не го прашував премногу за неговата ситуација, но разговаравме. Посебно е чувството да се игра со него повторно во ист тим, со оглед дека тој е неверојатен фудбалер, еден од најдобрите во светот со топка во нозе. Мило ми е што е тука, а на првиот заеднички тренинг во Барса му кажав дека мора да остане тука“, истакна Обамејанг.