Аргентинецот и пилотот на авионот Дејвид Иботсон загинаа на 21 јануари откако нивниот авион се урна во водите на каналот Ламанш. На видеото објавено од „Би-Би-Си“ се гледаат последните моменти од животите на Сала и Иботсон кои се подготвуваат за летот.
Интересно е тоа што и двајцата испраќаат гласовни пораки до свои блиски пријатели во кои изразуваат загриженост за состојбата на малиот авион.
„Преземав фудбалер од Кардиф, бил купен од Нант за 20 милиони фунти мислам. Ми го доверија да го превезам во еден сомнителен ‘мираж’. Нормално би имал елек за спасување помеѓу седиштата, но утре дефинитивно ќе го носам на мене“, рекол Иботсон во пораката до својот пријател.
Дека авионот воопшто не изгледал добро потврдува и пораката што ја оставил самиот Сала додека летал од Франција кон Велс.
„Сега се наоѓам во авион што изгледа како да ќе се распадне. Ако не слушнеш ништо од мене за час и половина, не знам дали некој ќе ме бара, бидејќи нема да ме најдат. Човеку, многу сум исплашен“, вели Сала.