Сосема спротивно од првиот меч одигран во вторникот, репрезентацијата на Македонија до 17. години предмалку на комплексот Петар Милошевски во Скопје, ја совлада соодветната репрезентација на Црна Гора  убедливо со 3:0. Така, му вративме на ривалот за идентичниот пораз од пред два дена.

Нашите млади фудбалери поведоа уште во третата минута од пенал, а стрелец беше Ѓоргиевски. Водството го удвоиме, а и го зголемивме во само две минути од 58. до 60. минута кога за Македонија погодија Алии односно Адили.

Македонија: Аризанковски, Столијевски, Даниловски, Јаневски, Алији, Адили, Нухија, Ѓоргиевски, Величковски, Ливарека, Стојанов