Францускиот тенисер Жо-Вилфред Цонга објави дека ќе ја заврши кариерата по Ролан Гарос.
Цонга, кој на 17 април ќе го прослави 37. роденден, своевремено беше петти тенисер во светот, но поради бројните повреди и послабата форма падна на 220. место на АТП листата.
– Ова ќе биде мое 15-то учество на Ролан Гарос и се надевам дека ќе бидам таков каков што секогаш сум бил на овој турнир – изјави Цонга .
Французинот во кариерата освои 18 АТП титули, а најблиску до трофејот на Грен слем турнирите беше во 2008 година, кога во финалето на Австралија опен беше поразен од Новак Ѓоковиќ. Беше полуфиналист на Ролан Гарос и Вимблдон, додека на УС Опен во неколку наврати стигнуваше до четвртфиналето.
На Олимписките игри во Лондон 2012 година, тој освои сребрен медал во двојки со Микаел Лодра.