Циципас играше извонреден меч, посебно на свој сервис, а после убедливиот прв сет, вториот го освои во тајбрејкот, за во последниот сет Лехечка да не искористи три брејк шанси на 3-3 по што Гркот стигна до победа.
Гркот по четвртипат стигна до полуфинале во Мелбурн.
Против Качанов ќе се бори за прво финале, а рускиот тенисер го мина Себастијан Корда, кој го предаде мечот после негатива од два сета. Циципас има „пет од пет“ во меѓусебните пресметки со Хачанов