Русија доцна синоќа одигра за Србија со драматична победа против Шпанија во двојки (6:4, 2:6, 4:6), односно и овозможи пласман во четвртфиналето на Дејвис купот.
Таму Ѓоковиќ и соиграчите го чекаат Казахстан, а доколку го минат тој ривал ќе играат во полуфиналето против подобриот од дуелот меѓу Хрватска и Италија кој се игра денеска од 16 часот.
Србија како најдобро второпласирана селекција оди понатака и за тоа може да им се заблагодари на другите, но пред се на Русите, односно Рубљев и Карачев, кои по пресвртот ги совладаа Лопез и Гранољерс во двојки, со што ги исфрлија Шпанците од конкуренција.