Лина Ѓорческа се пласира во четвртфиналето на турнирот во Ираклион, вреден 40.000 долари.
Нашата најдобра тенисерка ја совлада 21-годишната италијанска квалификантка Софија Рокети, 485. на ВТА-листата. Ѓорческа славеше со 6-3, 6-1 за еден час и 13 минути игра. И во двата сета отвори со брејк, направи водство, кое противничката не успеа да го стигне.
Следна ривалка за 29-годишната тетовчанка е Сиња Краус од Австрија, шеста носителка на турнирот и 224. на светот. Императивот за Ѓорческа да стигне што подалеку е голем, бидејќи брани титула од Ираклион, од 2022 година, иако тогаш на турнир со пониска вредност, од класата W25.