Првиот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, се врати на тениските терени по паузата која ја направи по американскиот грен-слем, го пропушти мастерсот во Шангај и пред тоа турнирот АТП-500 во Пекинг. Србинот оствари победа во два сета против Аргентинецот Томас Мартин Ечевери.
Ѓоковиќ славеше со 6-3, 6-2, дозволувајќи му на противникот само еднаш да дојде до брејк-топка, но не и да ја освои. Во првото коло Новак беше слободен, како прв носител, оваа победа го носи во третото, каде што ќе се сретне со Холанѓанецот Талон Грикспор (23. на АТП-листата).
Во третото коло на мастерсот во Париз се пласираа и Стефанос Циципас, Хуберт Хуркач, Алекс Де Минор, како и Григор Димитров, кој уште претладнето го елиминира треторангираниот Данил Медведев.