Актуелниот олимписки шампион, германскиот тенисер Александар Зверев, доживеа непријатен пораз од Италијанецот Лоренцо Мусети, со што го заврши настапот на Олимписките игри во Париз.

Германецот беше изненаден од шеснаесеттиот светски тенисер и загуби со 2-0 после голема борба, по сетови 5-7 и 5-7, а Мусети е втор патник во полуфиналето и ќе има историска шанса да се бори за медал од најпрестижниот спортски настан на планетата.

 

Мусети успеа да се избори за по еден брејк во двата сета, сосема доволни за овој значаен триумф, а дуелот траеше вкупно два часа и пет минути. Италијанскиот тенисер во полуфиналето ќе има пресметка со победникот од дуелот меѓу Новак Ѓоковиќ и Стефанос Циципас.