Во дербито кое се одигра во Филаделфија Ливерпул со 2-1 го совлада Арсенал. Артета одбра речиси прв состав. Резултатот беше отворен по 13 минути игра, а стрелец беше Мохамед Салах. Веќе во 34. Ливерпул стигна до двојна предност со голот на Фабио Карваљо, додека двоен асистент беше Харви Елиот. Единствениот погодок за Арсенал го постигна Каи Хаверц пред полувремето, а во второто немаше измени на резултатот.

Прва победа на подготовките оствари екипата на Челзи, против Клуб Америка од Мексико со 3-0. Победата на „сините“ ја донесоа Нкунку и Мадуеке со голови од пенал, додека од игра погоди Марк Гуиу.

Елитните пријателски натпревари на американско тло ќе продолжат и во следниот период.