Реал Мадрид го потврди првото место во групата Д од Лигата на шампионите со триумфот над Интер 2:0 (1:0) на мадридскиот „Сантијаго Бернабеу“.
Двете екипи одат во осминафиналето на елитното натпреварување, додека Шериф уште порано го обезбеди преминот во Лига Европа од третата позиција, а во последното коло го обезбеди со ремито против Шахтјор – 1:1 (1:0 ).
Стрелец на првиот гол на натпреварот во Мадрид беше Тони Крос во 17. минута, кога во свој стил надвор од шеснаесетникот биеше неодбранливо во долниот агол од голот.
https://www.youtube.com/watch?v=4vnoXVite4o
Реал подоцна создаде повеќе шанси, но Винисиус Жуниор и Родриго не беа прецизни.
На Интер му требаше победа за првото место во групата, но не можеше да стигне, особено по 64. минута кога Николо Барела доби директен црвен картон.
https://www.youtube.com/watch?v=Y6d5BTAdv4A
Триумфот на Реал во 79. минута го потврди Марко Асенсио со еврогол за конечни 2:0.
https://www.youtube.com/watch?v=-YMbD-8yLgE