Македонскиот репрезентативец Бобан Николов вечерва постигна многу важен погодок за Шериф Тираспол и донесе бод против Шахтјор (1-1) за крај на групната фаза во Лигата на шампионите.
Молдавскиот тим беше патник во Лига Европа без разлика на епилогот од овој дуел. Шахтјор водеше во поголемиот дел од натпреварот, но Николов влезе од клупата во второто полувреме, а во 93. минута ги постави конечните 1-1.
Ова е гол првенец за Николов во Лигата на шампионите во новиот дрес.