Ела Тун ја најави убедливата победа на Англичанките на „Сент Мери“ во Саутемптон во 12.минута. Елен Вајт постигна два гола, како и Бетани Ингланд, а еднаш реализираше Бетани Меид. Македонските фудбалерки два пати ја погодуваа сопствената мрежа преку Јилија Живиќ и Сара Коларовска.
На останатите натпревари во нашата квалификациска група Д, Австрија со 8-1 славеше на гостувањето кај Летонија, додека Северна Ирска со 4-0 беше подобра од Луксембург.