Најголемиот француски спортски дневник овјави необјавени детали поврзани со сензационалното пристигнување на Меси во Париз ова лето. Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња потпиша договор до 2023 година со опција за продолжување на уште една година, и тешко е да се поверува дека Аргентинецот нема да го искористи.
Платата на Меси изнесува 30 милиони евра годишно, а притоа ќе има и 10 милиони евра за лојалност во втората и третата сезона од тимот. Или вкупно 110 мииони евра.
Новина во договорот на Меси во споредба со другите договори е фактот дека ПСЖ ќе му плати милион од сите споменати милиони во форма на крипто -валута, односно „фан токени“ на ПСЖ .