Галатасарај славеше над Бешикаш со 2-1 во големото турско дерби, победа со која дополнително му избега на противникот на табелата, поточно ја продолжи мртвата трка со Фенербахче за првото место.
Пресметката во Истанбул освен три гола донесе и многу нервоза, дуели, жолти и црвени картони, но и еден супер спортски потег кој беше дело на уругвајскиот голман Фернандо Муслера.
Ветеранот имаше една реакција со која ги воодушеви фановите, поточно при истата спречи „залетаниот“ Валентин Росие да се удри во стативата.
Муслера го истурка противничкиот играч што беше доволно дефанзивецот да не заврши во рамката на голот , па за среќа не дојде до посериозна повреда.
https://twitter.com/i/status/1716084478534173119
https://twitter.com/i/status/1716420557850153249