Аталанта продолжи со одлични настапи во Серија А, со тоа што потешко од очекувањата стигна до шеста победа во низа во домашното првенство.

По импресивното издание на дербито против Наполи и победата над Штутгарт во Лига на шампиони, Аталанта денеска најде решение за Удинезе, иако мораше да се помачи за три бода.
Хасан Камара го стиша Бергамо со неодбранлив проектил пред самиот крај на првиот дел и на паузата резултатот гласеше 0:1, но Аталанта имаше подготвено рецепт за пресврт кој успеа да го активира уште до 61-та минута.

Најпрво Пашалиќ израмни на 1:1 по одлична тимска акција на домаќините, за потоа несреќниот Туре да си постигне автогол шест минути подоцна.

Аталанта лесно дојде до пресврт и го направи тоа што го сакаше, па потоа до крајот се одбрани од налетите на гостите и запиша нов триумф во Серија А.

Со шестата победа во низа, Аталанта изби на втората позиција на табелата, а тоа значи дека со голема возбуда ќе го следи и вечерното дерби меѓу Интер и Наполи.

Видеото погледнете го ТУКА