Фудбалерите на Арсенал и Челси одиграа реми 1-1 во лондонското дерби од 11. коло во Премиер лигата.

Првото поголемо возбудување на натпреварот го видовме по половина час игра пред голот на Челси кога Хаверц ја погоди мрежата, но сепак тој гол беше поништен поради недозволена позиција.

Арсенал во вториот дел сепак успеа прв да дојде до водство во 60 минута, кога Мартинели се запиша во листата на стрелци.

Челси резултатски се врати во игра десет минути подоцна кога Педро Нето беше оставен сам пред шестнаесетникот и со одличен удар ја погоди мрежата на гостинскиот тим.

На крајот тој резултат се покажа и како конечен. По ова реми двете екипи останаа со ист број на бодови (19) на третата и четвртата позиција, но 19 бода имаат уште Нотингем и Брајтон.