Шпанија ја освои европската титула, а индивидуалните признанија на ЕП, сосема очекувано отидоа во рацете на шпанските фудбалери.
За најдобар млад играч беше прогласен Ламин Јамал кој немаше да биде незаслужено ако беше прогласен и за МВП на шампионатот. Фудбалерот на Барселона оствари четири асистенции и постигна еден гол, а со оглед на тоа што вчера наполни 17 години, собори низа рекорди на првенството.
За МВП е прогласен уште еден Шпанец, Родри во чии раце замина уште едно голема индивидуална награда по онаа во финалето од Лигата на шампионите минатата година и од завршниот турнир од Лигата на нации, исто така во 2023.