Фудбалерките на Шпанија, кои беа доминантни во групната фаза и забележаа три победи од исто толку натпревари, беа големи фаворитки на овој дуел. Но, се намачија за да ја минат Колумбија, против која едвај се спасија од пораз во екстра-времето (2-2), а потоа меѓу најдобрите четири дојдоа преку пенали (4-2).
Резултатот го отвори Рамирез по само дванаесет минути игра, додека на стартот од вториот дел, поточно во 53. минута, Сантос ѝ донесе одлични 0-2 на Колумбија. Во самиот финиш Шпанија конечно влезе во ритам и комплетно се врати во натпреварот. Во 79. минута Хермосо намали на 1-2, додека во седмата минути од судиското продолжение следуваше нов шок за Колумбијките и Паредес се избори за продолженија.
Во дополнителните 30 минути немаше погодоци во мрежите, па патникот во следната фаза го дадоа пеналите. Од шутевите од белата точка, Кол од Шпанија го фати пеналот на Усме и „фуријата“ погоди преку Калдентеј, за предност. Во третата серија Салазар од Колумбија го промаши целиот гол, па Шпанките беа сигурни и се пласираа во полуфинале.
Претходно, пласман во полуфинале обезбеди селекцијата на САД, која што со голот на ќерката на Родман во продолжението славеше со минимални 1-0 над Јапонија.