Женската фудбалска репрезентација на САД е првиот полуфиналист на фудбалскиот турнир на Олимписките игри во Париз.
Фаворитките за златниот медал потешко од очекуваното извојуваа тешка победа над Јапонија, а хероина на Американките одново беше ќерката на легендарниот кошаркар Денис Родман – Тринити.
Откако во регуларниот дел мрежите мируваа на „Паркот на принцовите“, во 107. минута на сцена стапи Родман, која постигна нов мајсторски гол и ја одведе својата селекција меѓу четирите најдобри во Париз.
Противник на Американките во полуфиналето ќе биде подобрата селекција од дуелот меѓу Канада и Германија.