Еден од фудбалерите кои е во најлоша форма е фудбалерот задолжен за голови Роберт Левандовски. Полскиот напаѓач е во најдолг свој пост од февруари 2011 година. Врза шест натпревари без постигнат гол. Што значи дека повеќе од една деценија не бил во вака лоша форма.
Левандовски има шест голови на 13 натпревари оваа сезона што е просек помал од 0,5 погодоци по натпревар.
Левандовски уште нема постигнато гостински гол во Лигата на шампионите во дресот на Барселона. Последен пат има дадено гол на туѓ терен во ова натпреварување на 23. ноември 2021 на дуелот меѓу Динамо Киев и Баерн Минхен. Оттогаш одиграл шест гостински натпревари во ЛШ и не постигнал гол. И тоа е негова најлоша серија.
Од 13 одиграни натпревари оваа сезона, постигна голови само на пет. Даде по еден гол на Виљареал, Осасуна, Бетис и Антверпен и двапати погоди против Селта.