Фудбалерите на Сасуоло ја совладаа Специја со 4:1 (1:1), во првиот натпревар од 30.коло на италијанската Серија А.

Доменико Берарди ги доведе домашните во водство во 17. минута, а израмни Даниеле Верде во 36. минута.

Сасуоло во вториот дел постигна три гола, а стрелци беа Берарди во 48. минута, Кан Ајхан во 78. минута и Џанлука Скамака во 81. минута.

Сасуоло е деветти на табелата во Серија А со 43 бодови, додека Специја е на 15. место со 29 бодови.

Во следното коло Сасуоло гостува кај Лацио, а Специја ја пречекува Венеција.

Серија А, 30. коло

Сасуоло – Специја 4:1 (1:1)
Берарди 17 (п), 48, Ајхан 78, Скамака 81 – Верде 35
21:00 Џенова – Торино

сабота
15:00 Наполи – Удинезе
18:00 Интер – Фиорентина
20:45 Каљари – Милан

недела
12:30 Венеција – Сампдорија
15:00 Јувентус – Салернитана
15:00 Емполи – Верона
18:00 Рома – Лацио
20:45 Болоња – Аталанта

Standings provided by SofaScore LiveScore