Андреј Рубљев избори пласман во полуфиналето на Мастерсот во Индијан Велс.

Седмиот тенисер во светот по 90 минути игра го совлада Бугаринот Григор Димитров со 7:5, 6:2.

Рубљев претходно на патот до последната четворка во ова натпреварување ги елиминираше Доминик Кепфер, Френсис Тиафо и Хуберт Хуркач.

Ова му е четврто полуфинале сезонава, игра во одлична форма, а пред овој турнир освои титули во Марсеј и Дубаи.

Рускиот тенисер направи брејк во петтиот гем во првиот сет, а потоа поведе со 4:2, но Димитров се врати во игра кога возврати во десеттиот гем со брејк за 5:5.

Сепак, Рубљев веднаш направи брејк за 6:5, а потоа сервираше за сетот.

Во вториот сет Андреј успеа да направи брејк во третиот и петтиот гем.

Потоа во седмата ја имаше првата меч топка на сервис на Димитров, но не ја искористи.

Иако Димитров имаше брејк топка, Русинот го доби следниот гем и со тоа обезбеди пласман во полуфиналето, каде ќе се сретне со победникот од мечот меѓу Миомир Кецмановиќ и Тејлор Фриц.

https://twitter.com/BNPPARIBASOPEN/status/1504920977754320896?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1504920977754320896%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fsport%2Ftenis%2Fvesti.php%3Fyyyy%3D2022mm%3D03dd%3D18nav_id%3D2124852