АТП, на чело со Андреа Гауденци најави дека во тенискиот календар би можел да биде додаден уште еден Мастерс, и тоа во Саудиска Арабија.
Оваа држава последните години многу вложува во спортот, па покрај фудбалот и Формула 1, следна желба е тенисот. Поради тоа е и закажан егзибициски турнир пред крајот на годината на кој ќе учествуваат Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз, а во Џеда сакаат да бидат домаќини на Мастерс.
Ако тоа се случи, Ѓоковиќ ќе остане без еден редок рекорд во тенисот. Тој е единствен тенисер во историјата кој ги освоил титулите на сите Мастерси во својата кариера, па ако биде вклучен турнир од категоријата 1000 во Саудиска Арабија, овој рекорд ќе биде избришан. Се разбира дека ќе добие шанса да триумфира на него, но овој турнир би бил вклучен во распоредот најрано во 2025 година и тоа пред првиот Гренд слем во сезоната.