Полуфиналниот натпревар Ролан Гарос заврши на најлош можен начин за Александар Зверев. Германецот заработи тешка повреда во вториот сет и беше принуден да се предаде .
Германскиот тенисер Александар Зверев, кој го изврти десниот зглоб на полуфиналниот натпревар на Ролан Гарос против Шпанецот Рафаел Надал и мораше да се предаде, изјави дека мисли дека се работи за „многу сериозна повреда“.
„Се чини како многу сериозна повреда, но лекарите се уште прават тестови“, објави третиот светски тенисер на социјалните мрежи.
При резултат во вториот сет 6:5, 40:30 за Надал на сервис на Шпанецот, Германецот во обид да одигра поен застана погрешно и падна на теренот држејќи се за зглобот. Зверев беше изнесени од теренот во инвалидска количка и тој беше принуден да го предаде дуелот. Натпреварот заврши со резултат 7:6 (8), 6:6 за Надал.
„Многу тежок момент на теренот, фантастичен натпревар до она што се случи… Не ми е лесно“, продолжи Зверев.
Запрашан дали екстремно влажните услови во петокот можеле да го направат теренот лизгав, Надал оцени дека олимпискиот шампион во Токио едноставно имал „лоша среќа“.
“Мислам дека нема тема овде. Теренот не беше во лоша состојба. Мислам дека Зверев не го искриви глуждот поради теренот. Беше тоа лоша среќа, несреќа. Тоа се случува на сите подлоги”, Надал. кажа.
“Многу е тешко, многу сум тажен за него. Одигра неверојатен турнир, знам колку се мачеше да го освои грен слем турнирот. Навистина немаше среќа, но сигурен сум дека ќе освои во иднина и не само еден, туку многу повеќе“.
Во финалето во недела, Надал ќе се обиде да ја освои четиринаесеттата титула на Ролан Гарос против Норвежанецот Каспер Руд, осмиот играч во светот кој вчера го совлада Марин Чилиќ.