Данил Медведев од понеделник ќе стане светски рекет број еден без разлика на настапот до крајот на турнирот во Акапулко.
Рускиот тенисер на тој начин ќе стави крај на владеењето на Новак Ѓоковиќ на светскиот трон.
За тоа многу придонесе и фактот што Ѓоковиќ не можеше да ги одбрани бодовите освоени на Австралија опен минатата година.
Така минатиот понеделник загуби 2.000 поени и тоа го натера Медведев, кој со Надал го играше финалето во Мелбурн, веќе да добие шанса да му се закани на тронот оваа недела.
Инаку, Медведев е 27. тенисер кој успеал да дојде до првото место на АТП листата во Опен ерата.
Тој ќе биде третиот руски тенисер во историјата кој го предводи тенискиот караван.
Пред него тоа им припадна на Евгениј Кафелников во 1999 година и на Марат Сафин во 2000/01 година.
Кафелников на врвот остана само шест недели, додека Сафин беше на чело во два наврати вкупно девет недели.
Исто така, по Енди Мареј од 2016 година, Медведев ќе биде единствениот играч кој за прв пат стана број еден откако Новак Ѓоковиќ се искачи на тронот на светската листа во 2011 година.
Ѓоковиќ досега на тронот помина вкупно 361 недела, што го прави апсолутен рекордер во машкиот тенис.