Полска е прва што треба да гостува во Москва на 24 март, кога Македонија ќе гостува во Палермо кај Италија, а Полјаците уште пред неколку дена објавија дека немаат намера да одат во руската престолнина и дека ако не се премести мечот на неутрален терен ќе го бојкотираат мечот.
Ова значи дека ФИФА и УЕФА ќе мора најмалку да ѝ наложат на Русија да игра на неутрален терен, освен ако не одите во крајна санкција да ја елиминира од мундијалските баражи. Во друг краен случај, ако ФИФА и УЕФА не ѝ наложат најмалку меч(еви) на неутрален терен на Русија и останат на ставот дека треба „зборнаја“ да игра дома, тогаш без настапи Русија би била учесник на СП во Катар во ноември и декември, зашто трите селекции објавија бојкот за гостување во Москва.
Русија е домаќин на Полска, а Шведска на Чешка во полуфиналето, па во финалето победникот од мечот Шведска – Чешка би требало да гостува во Москва ако Русите победат или во Варшава ако Полска победи.