Ова откако загуби на гостувањето кај Грузија со 91:70 во третото коло, во натпревар на кој противникот целосно имаше контрола над се што се случува на теренот.
Македонија беше послабиот тим во воведните три четвртини, рамноправна само во последната.
Робев со 13 поени и Ефремовски и Крстевски со по 11 поени беа најефикасни во нашиот табор, за Грузија се издвои Мекфеден со 26 поени.
Овој меч во кој игравме со значително изменет состав, полн со доста млади кошаркари, беше можност некои од нив да ги добијат и првите минути во сениорската селекција.
Освен Андреј Митревски (постигна три поени), кој дебитираше во минатио евро-квалификациски циклус, дуелот во Тбилиси особено ќе го паметат и Павел Данаиловски, Ваљмир Какруки, односно Максим Митевски. Се разбира, поради деби настапот во сениорската репрезентација на Македонија.Во недела Македонија ја дочекува Грузија во 4 коло од мундијалските квалификации.