Новонастаната ситуација меѓу Русија и Украина веќе ги менува плановите и на спортски план. Од претходно ЕХФ одлучи сите мечеви кои требаше да се играат во Украина се преместени на неутрален терен, а сега по нападот на руската војска во одредени делови на оваа земја, ја менува и ситуацијата со Вардар 1961.

Според информациите кои денеска доаѓаат, Русија преку Белорусија ги врши нападите на воените зони во Украина. Добро е познато дека македонскиот првак следниот меч во Лигата на шампиони го игра во Брест против Мешков на 2. март.

Иако оваа средба се игра следната недела, сепак истата „виси“, сепак е под голем знак прашалник, барем според денешните случувања. Територијата на Белорусија не е загрозена, но безбедноста е под знак прашалник.

Па нема да биде за изненадување ако ЕХФ одлучи мечот меѓу Мешков Брест и Вардар 1961 да се одигра на неутрален терен.

Земјите кои треба да гостуваат во Русија, веќе се огласија. Полска нема да патува во Москва за бараж мечот за место на СП во Катар во 2022.