Македонската ракометна селекција во Президент купот против Алжир славеше со убедливи 40:25. Дека ќе биде победата убедлива стана јасно уште на полувремето кога резултатот беше 19:11. Се покажа дека селекцијата на Алжир не е тим кој може да парира на овој меч, па оттаму и убедливата победа.
Во македонската селекција голманот Митревски забележа 11 одбрани, кој воедно беше прогласен за играч на натпреварот, додека најефикасен беше Пешевски со 7 погодоци. Го следеше Манасков со 6 голови, а по четири имаа Савревски, Костески, Стојковиќ, Ѓоргиев. Талески застана на 3 погодоци.
На 21-ви јануари Македонија игра против Тунис во 18 часот, а два дена подоцна против Мароко во истиот термин.