Легендарниот швајцарски репрезентативец Енди Шмид, на крајот на оваа сезона ќе си замине од Рајн Некар Левен.

Тој се враќа во татковината од следното лето и ќе игра за тимот на Криенс Луцерн, со кој се договори за соработка на две години.

Шмид стана легенда на „лавовите“, таму игра(ше) 12 години, а беше прогласен пет пати за најдобар играч во Бундес лигата.

Плејмејкерот потекннува од Грасхоперс, играше за Амичитија Цирих, а една сезона мина и во данскиот Силкеборг пред трансферот во Германија.

Во Криенс Луцерн играат двајцата поранешни играчи на Вардар, Домен Сикошек Пелко и Јосип Векиќ.